Во Скопје вчера казнети 53 лица кои возеле под дејство на алкохол
Изречени се и 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за некористење сигурносен појас, 11 мерки за возач почетник, како и девет за користење мобилен телефон.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.