Во Скопје 94 казни за брзо возење, 21 за возење без дозвола, 12 за пијани возачи...
За возење без возачка дозвола изречени се 21 мерка, 12 за возење под дејство на алкохол, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 2 за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, како и 17 за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.