Во Скопје 50 казни за сообраќајни прекршоци, 25 од нив за брзо возење
Од МВР денеска информираа дека се изречени четири мерки за возење без возачка дозвола, четири за користење мобилен телефон, две за возач почетник и една санкција за непрописно престигнување и заобиколување.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.