МКД.мк

Во Скопје 30 казни за брзо возење, 18 за возачи кои зборувале на мобилен

Полицијата вчера во Скопје изрече вкупно 158 мерки, од кои 30 се за возење повеќе од дозволената брзина, девет за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, а пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се и 18 мерки за користење мобилен телефон, 10 за некористење сигурносен појас, осум за недавање првенство на минување на пешаци, како и 37 за непрописно паркирање. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се  зголеми безбедноста во сообраќајот.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/vo-skopje-30-kazni-za-brzo-vozenje-18-za-vozachi-koi-zboruvale-na-mobilen