Во Кичево приведен дилер со марихуана
По добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, вчеравечер е извршен претрес во домот и други простории кај Д.А. во село Гарани. При претресот се пронајдени и одземени стебла од канабис сатива, марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, ловен патрон, ќеса со кафеава грутчеста материја.
Д.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.