Три пожари вчера во Струмица, нема повредени лица
Вчера, попладне во Територијалната против пожарна единица со две возила и девет пожарникари во Струмица изгасна запалена покривна конструкција на куќа, а во поранешната фабрика АД „Македонија Санкерам" се запали дел од конструкција на магацин.
Во 08:00 часот утрото во пожар исто така изгореа помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали", во близина на селото Хамзали кај Струмица.
Од Противпожарната единица во Струмица соопштуваат дека двата поголеми пожари се гаснеле повеќе од два часа, а пожарот во магацинот би изгаснат за помалку од еден час.
Сите три пожари се локализирани и во нив нема повредени лица.