Тешко повредени пешак и возач на мотоцикл
МВР информира дека вчера кај бензинска пумпа на улицата „15. корпус", товарно возило „ман", со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(29) од Скопје удрило во пешак А.К.(56) од Скопје. Во несреќата А.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември".
На улицата „Борис Трајковски" се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел", управувано од С.М.(47) од Скопје и мотоцикл „кавасаки", управуван од М.Н.(23) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата М.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза". Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.