МКД.мк

Tешко повредени двајца велосипедисти во Куманово и Битола

Ѓ.З. (77) од Битола вчера бил тешко повреден откако бил удрен со својот велосипед од возило „пежо 306“ со прилепска регистрација управувано од М.Ш. (21) од Горно Оризари. Сообраќајката се случила на улицата „Генерал Васко Карангелевски“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Битола.

Велосипедист вчера бил повреден и на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и ул.„Студена Вода“ во село Доброшане. Патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (21) од село Доброшане удрило во велосипед, управуван од Е.Ц. (41) од Куманово. Во несреќата, велосипедистот добил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Куманово. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/teshko-povredeni-dvajca-velosipedisti-vo-kumanovo-i-bitola