МКД.мк

Се запали автобус на ЈСП кај „Раде Кончар“, нема повредени

На булевар „Трета македонска бригада", кај „Раде Кончар" пријавено е дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.

Територијална противпожарна единица на Град Скопје информира дека нема повредени лица.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/se-zapali-avtobus-na-jsp-kaj-rade-konchar-nema-povredeni