Пронајден експлозив во куќа во Крушево
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:30 часот во Полициска станица Крушево, М.Р.(64) од Словенија пријавила дека во семејниот дом на ул.„Партизанска", во сопственост на нејзиниот починат брат Р.М. од Крушево, пронашла експлозив.