МКД.мк

Приведен осомничен за продажба на дрога

Полициски службеници од СВР Битола, Одделение за внатрешни работи, Прилеп вчера го лишија од слобода прилепчанецот Ф.М.(26), поради сомнеж за препродажба на дрога.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес извршен со претходно издадена судска наредба во дом и други простории на улица „Пере Тошев" во Прилеп, каде живее Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.

Од МВР додаваат дека осомничениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/priveden-osomnichen-za-prodazhba-na-droga