МКД.мк

Приведен маж осомничен за десетина тешки кражби во Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера го лишиле од слобода Ш.Ф.(30) од гостиварско Чегране кој се сомничи дека во текот на минатата и оваа година извршил десетина кражби и тешки кражби во Гостивар.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнувале од овие кражби, кои ќе бидат вратени на сопствениците.

„Ш.Ф. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во соопштението од МВР.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/priveden-mazh-osomnichen-za-desetina-teshki-krazhbi-vo-gostivar