МКД.мк

Прегазил 17-годишник и избегал

Вчера попладнето во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која со тешки повреди се здобило 17-годишно момче. Врз него удрил автомобил, а возачот избегал.

На 22 јануари 2022 година околу 14,35 часот било пријавено дека во Тетово на ул. „Благоја Тоска", се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во Е. Д. (17) од тетовското село Бродец, по што возачот го напуштил местотот.

Е. Д. бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му била констатирана тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/pregazil-17-godishnik-i-izbegal