МКД.мк

Пожарот кај скопска Пинтија ставен под контрола

Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска.

Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште.

„Во моментов две екипи пожарникари се упатени кон Сопиште, каде граѓани телефонски пријавиле пожар. Пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства“, изјавијав од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/pozharot-kaj-skopska-pintija-staven-pod-kontrola?page=2