Полицијата откри четворица мигранти од Куба
„На 29.10.2021 во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило 'пежо 206' со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица - мигранти од Куба. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар 'Винојуг' во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок“, информира МВР.