МКД.мк

Осум лица приведени за дрога

Полициски службеници на СВР Тетово вчера привеле осум лица, кај кои при преглед е пронајдена дрога, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Во близина на клучката за тетовски Групчин, од слобода биле лишени И.С.(25) и Д.Б.(40) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко возило форд фиеста, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена марихуана.

„Околу 20.30 часот, пак, на улицата „Илинденска" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(25), И.А.(32) и Р.Т.(22), тројцата од Тетово, кај кои биле пронајдени марихуана и нож, а на локалниот пат за гостиварското село Дебреше, во 00.30 часот на 27 март полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.А.(19), Ј.Е.(19) и А.И.(20), сите од Дебреше, кои се превезувале со патничко возило „опел астра", со гостиварски ознаки, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана“, се вели во соопштението на МВР.

Сите биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат поднесоци по член 215 од Кривичниот законик


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/osum-lica-privedeni-za-droga