Обвинение за скопјанецот кој што дома чуваше калашников
Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов" во Скопје држел автоматско оружје, пушка калашников АК-47, како и две рамки со 41 куршум од калибар 7,62Х39 мм. Станува збор за оружје кое на граѓаните им е забрането, а било пронајдено при претрес во домот на обвинетиот, се вели во соопштението од ОЈО.
Јавниот обвинител, информираат од ОЈО, до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.