МКД.мк

Обвинение за маж кај кој беа најдени метадон и хероин

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 7 ноември, при личен преглед на обвинетиот и при претрес во неговиот дом, кај него биле пронајдени 3,10 грама хероин, како и четири шишиња со вкупен волумен од 40 милилитри метадон, коишто ги држел неовластено заради натамошна продажба.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/obvinenie-za-mazh-kaj-koi-bea-najdeni-metadon-i-heroin