МВР: Пронајдени 180 стебла од канабис кај сeло Блаце
„На 19.08.2019 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје како и полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Блаце“ во атарот на с.Блаце кај место викано „Вражји вир“ пронајдоа 180 стебла од канабис, како и опрема за одгледување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.