МКД.мк

Млад скопјанец пронајден починат на Бит Пазар

Млад скопјанец бил пронајден мртов на Бит Пазар, информира МВР.

„На 01.12.2020 во 05:25 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат 27-годишниот М.Ш. од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција“, велат од полицијата.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/mlad-skopjanec-pronajden-pochinat-na-bit-pazar