МКД.мк

Кучиња скитници напаѓаат во Скопје, каснати три лица

Вчера во 13:45 часот во полициската станица Аеродром, Ц.М.(66) од Скопје пријавила дека на булевар „Видое Смилевски Бато" била касната од куче скитник во пределот на левата нога, соопштуваат од МВР.

„Вчера исто така во 17:30 часот во полициската станица Центар, К.Ч.(35) од Скопје пријавил дека на улица „Ѓорѓи Пешков“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник, а во во 11:00 часот во С.Б.(23) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница“, информираат од МВР.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/kuchinja-skitnici-napagjaat-vo-skopje-kasnati-tri-lica