Кривична пријава за закани кон градоначалник
На 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа Фејсбук едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник и неговото семејство, се појаснува во денешното соопштение од МВР.
Се посочува дека веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп.