На автопатот Миладиновци – Штип, патничко возило „опел”, со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.А.Л.(56) од Кочани, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.А.Л.(55) од Кочани, констатирани од во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Свети Николе.