Казнети 256 возачи за брзо возење
„Од нив, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 107 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место“, информира МВР и апелира да се почитува дозволената брзина и таа да се прилагодува на условите на патот.