МКД.мк

Казнети 200 возачи за брзо возење

За време на вчерашните радарски контроли на улиците и патиштата низ земјава соообраќајната полиција казни 200 возачи за брзо возење. Повеќе од половината од казнетите возеле со неприлагодена брзина во населени места.

Од казнетите, тројца возачи возеле со над 50 километри на час над дозволената брзина. Притоа, 116 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/kazneti-200-vozachi-za-brzo-vozenje