Камион прегази пешак во Скопје
„Според пријавеното во 08,40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, информираат од МВР.