Изгоре објект полн со сено во беровското село Мачево
Од ТППЕ Берово го потврдија случајот и притоа информираа дека пожарот е локализиран во 19:00 часот.
-Дојавата ја примивме во 17:46 часот, објектот е тврда градба, изгоре сено на повисокиот дел од објектот, долу се спасени и живи извадени од пожарот четири кози, а спасено е и сеното, истакнаа од ТППЕ Берово.
Пожарот целосно е ликвидиран во 20:10 часот, а во гаснењето како што додаде командирот на единицата Сашко Руменовски, учествувале седум пожарникари со две противпожарни возила.