Фатени 43 возачи без возачка дозвола, 33 возила технички неисправни
За брзо возење казнети се 52 лица. Казнети се 67 лица поради непрописно паркирање, а 61 возило било кренато со „пајак". Поради неносење на заштитна маска во возилата казнети се 61 лице. Парична казна им е изречена на 23 пешаци. За време на сообраќајната контрола изречени се вкупно 448 санкции.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот", порачуваат од МВР.