Две лица повредени во сообраќајка во Тетово
На 21.10.2020 во 07.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Желино – Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт", со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(22) и товарно возило „мерцедес", со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(50), и двајцата од с.Палатица, тетовско" соопштуваат од МВР.