петок, 10 мај 2024

Новиот премиер на Шкотска: За пет години ќе бидеме независна земја

Шкотска може да стане независна во следните пет години, изјави новиот шкотски премиер Џон Свини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека независноста може да се оствари во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи“, кажа Свини за Скај њуз.

Тој оцени дека Шкотска се соочува со зголемени животни трошоци и последиците од брегзитот и дека тоа се „значајни стратегиски фактори кои ѝ нанесуваат сериозна економска и социјална штета на Шкотска поради лошите одлуки донесени во Вестминстер“, и додаде дека „одговор на тоа е независност“.

Тој потсети дека Шкотска беше „избркана од Европската Унија против својата волја“, бидејќи повеќето Шкоти гласаа против брегзитот, односно таа држава од Обединетото Кралство да остане во Европската Унија.

Ветеран на Шкотската национална партија (СНП), Свини на 8 мај беше избран за премиер на шкотската влада, наследувајќи го на таа функција Хумза Јусаф, кој поднесе оставка на 29 април, откако претходно ја раскина коалицијата со шкотските Зелени.

Јусаф даде оставка на местото лидер на СНП, која се залага за независност на Шкотска, бидејќи не успеа да обезбеди доволна поддршка за да го преживее гласањето за доверба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ