Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера попладне, а случајот бил пријавен од  лекар од Итната медицинска помош Демир Хисар каде детето побарало помош.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека во близина на крстосницата за сeло Света, малолетникот, управувајќи мопед „хамачи“, со демирхисарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. За настанот бил известен Јавен обвинител“, информираат од МВР.