Бегалец осуден за нелегална трговија со оружје спроведен во затворот во Идризово
Од МВР денеска соопштија дека тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи" по член 396 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.