663 возачи „фатени“ на полициски радар, од тоа 109 во Скопје
Од санкционираните 663 возачи, 109 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возачи со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 364 надвор од населено место.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.