МКД.мк

26-годишен мотоциклист е тешко повреден

Дваесет и шестгодишник завршил со потешки повреди откако вчера вечер во Сопиште со својот мотор „хонда" удрил во возило „мерцедес". За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

„Вчера во 19.00 часот во Скопје на ул.„1"-Сопиште се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „хонда" со скопски регистарски ознаки управуван од Н.К.(26) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ш.(77) од Скопје. По несреќата Н.К. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од полицијата.


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/26-godishen-motorciklist-e-teshko-povreden?page=1