25 мигранти најдени во комби на автопатот Штип – Свети Николе
Вчера околу 18.00 часот, на автопатот Штип–Свети Николе, поточно кај с.Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито", со пробни регистарски ознаки, по што истото застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство. При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг" за понатамошна постапка, велат од полицијата.
Се работи на расчистување на случајот.