МКД.мк

18-годишник ја силувал малолетната полусестра, таа викала и плачела

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште. Обвинет е за кривичното дело Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 15 јули, обвинетиот со употреба на сила извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и ја силувал. Потоа и се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Фото: Пиксабеј


Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/18-godishnik-ja-siluval-maloletnata-polusestra-taa-vikala-i-plachela?page=1