18-годишник ја силувал малолетната полусестра, таа викала и плачела
На 15 јули, обвинетиот со употреба на сила извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и ја силувал. Потоа и се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.
Фото: Пиксабеј