МКД.мк

Пушењето цигари во автомобил наскоро во Германија може да чини до 3.000 евра

Пушењето е нездрава навика. Но, иако е главно забрането во затворени простории, во приватно возило можете да правите што сакате. Германски совет се надева дека наскоро ова правило ќе се смени, за да се заштитат патниците од несаканите ризици по здравјето од пушењето.

Според германскиот магазин 24ауто, Советот на Северна Рајна – Вестфалија во Бремен, Хамбург иницирал амандман на Федералниот закон за заштита на непушачите, кој ќе им забрани на возачите да пушат во нивните возила во присуство на бремена жена или малолетник. Забраната не се однесува на луѓето кои сами се возат.

Оправдувањето за забраната е дека патниците не можат да го избегнат чадот во возилото. Отворањето прозорец не е доволно, а чадот може да се избегне само во возило без покрив (кабриолет). Во случај да ве фатат, казната би била од 500 па сè до 3.000 евра.

Од второстепен чад умираат 166.000 деца годишно во целиот свет, и според германскиот Центар за истражување на ракот концентрацијата на чад во возило е до пет пати повисока од просечен зачаден бар. Центарот објави и дека еден милион малолетници во Германија во моментов се изложени на чад од цигари во автомобили.

Предлог законот треба да биде изгласан во германскиот сојузен парламент.

Германија се обиде да го забрани пушењето цигари во автомобил во 2019 но безуспешно.


Извор: https://www.mkd.mk/avtomobilizam/pushenjeto-cigari-vo-avtomobil-naskoro-vo-germanija-mozhe-da-chini-do-3000-evra