Прво миење на автомобил заборавен во плевна по 44 години (ВИДЕО)
Конкретниот автомобил има интересна историја. Според сегашниот сопственик, човекот кој го купил датсунот забележал мала вдлабнатина на предниот браник. Дилерот се согласил да му го замени со нов, па тој го отстранил оргиналниот преден браник чекајќи нов.
Во исто време, решил и оригинално радио да го замени со касетофон. Со отстранет поголем дел од внатрешноста, се соочил со финансиски проблеми и престанал да работи на автомобилот. Како што кажува сегашниот сопственик, автомобилот повеќе не бил возен.
Погледнете како изгледа симнување наслаги кои се таложеле 44 години.