Од тркачката патека за патиштата: Ламборгини претстави бесна верзија на хуракан (ФОТО+ВИДЕО)
Поседува таканаречен „агресивен“ аеродинамичен кит за шасијата кој вклучува пред и заден спојлер на нагодување, заден дифузер, отвори за воздух и проширени крила, а тркалата се од магнезиум (за да бидат полесни, а да ја задржат цврстината).
Гумите кои ги има новото ламбо се бриџстон потенца, шофершајбната е 20 отсто полесна, а масата е помала поради обилното користење магнезиум и карбонски влакна, па е 45 килограми полесен од хуракан перформанс, со тежина од 1.339 кг. Односно тежина/сила е 2,09 килограми на коњска сила.
Најинтересниот дел е 5,2-литарскиот V10 мотор со 640 коњски сили и вртежен момент од 565 њутнметри, на задните тркала, а триењето со подлогата е најдобро во таа класа.
Компанијата соопшти дека забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,0 секунди, а до 300 км/ч стигнува за 9,0 секунди.
Максималната брзина изнесува 310 км/ч.
Хуракан СТО нуди три нови модуси на возење: СТО (за патиштата), Трофео (за тркачката патека) и Пјоџа (за дожд). Првите купувачи својот хуракан СТО ќе го добијат на пролет следната година.