Најавен подновениот шкода суперб, ќе дебитира подоцна месецов (ФОТО)
На предниот дел сменети се светлата и долниот дел од браникот, додека задржан е карактеристичниот изглед на решетката. На задниот дел, автомобилот ќе добие ознака „SUPERB“ преку целата ширина на багажникот, наместо вообичаеното лого, подновени ЛЕД светла поврзани со лента, која може да биде хромирана или светлосна.
Во внатрешноста се очекува да има нови содржини во информациско-забавниот систем, и генерално да се понудат нови нивоа на опрема и подновувања за да се задржи актуелноста на моделот.
За првпат супербот ќе добие електричен хибриден погон. Поеколошката верзија на автомобилот се очекува да ја добие истата комбинација како фолксваген пасат ГТЕ, кој комбинира 1,4-литарски турбобензинец со електромотор за заедничка моќност од 215 коњски сили. германскиот автомобил користи литиум-иаонски батерии од 9,9 киловат часови кои овозможуваат автономија од 50 километри само на струја.