Мерцедес вели дека мајбах кросовер концептот може да стане реалност (ФОТО+ВИДЕО)
Очигледно концептот на Мерцедес го привлекол вниманието на доволен број луѓе за да се размисли за сериско производство на неконвенционалниот кросовер.
Ултралуксузниот вижн мајабах е базиран на претходната генерација на ГЛС, но со карактеристики на седан.
Замислен е како електричен автомобил со погон на сите четири тркала преку четири електромотори кои заедно даваат 740 коњски сили.
Меѓутоа, бидејќи новата генерација на ГЛС веќе е забележана со мајбах предна маска , односно дека мерцедес наголема ја тестира АМГ верзијата на ГЛС со „63“ спецификации, јасно е дека е само прашање на време кога и луксузниот кросовер ќе добие зелено светло.
Во меѓувреме, Мерцедес бенц ја исклучи можноста за електрични верзии на ГЛС бидејќи неговата платформа не е дизајнирана за таков вид погон, а и клучниот фактор е што побарувачката не би можела да ги покрие производните трошоци.
Очекуваната цена за вижн мајбах кросоверот е 200.000 евра.