Лада со најбрз механизам за кревање на прозорците (ВИДЕО)
Механизмот не е на струја, бидејќи не ѝ е местото во вистинска лада. Сè, па и кревањето на стаклата мора да биде робусно, а во овој случај и прилично опасно.
Тие добиле идеја да го направат најбрзиот механизам па решиле да користат компримиран воздух.
Зад тапацирите на вратите вградиле пневматски цилиндер каков што се користи за отворање врати на автоматските ленти во фабриките.
Епилогот е фасцинантен, бидејќи стаклото се движи со неверојатна брзина (и сила) и станува фатално за сè што ќе му се најде на патот.
Со брзина поголема отколку што може да постигне ладата овој механизам станува ефикасен сечач.
И за крај особена пофалба за руското стакло кое ги издржа речиси сите наметнати предизвици.