Кој фолксваген е побрз – голф ГТИ или ИД.3? (ВИДЕО)
Ова е дуел на автомобил на струја и автомобил со мотор со внатрешно согорување.
Голф ГТИ под хаубата на 4-цилиндерски 2,0-литарски турбобензинец кој дава 245 коњски сили со вртежен момент од 370 њутнметри.
Што се однесува до моделот ИД.3, основната верзија има батерии од 45 киловат часови, кои овозможуваат автомобилот да се вози и до 330 километри без дополнување. Следен по ред е моделот со батерии со капацитет од 58 киловат часови и максимална автономија од 420 километри, а врв на понудата е верзијата со батерии со 77 киловат часови и радиус до 550 километри.
Јасно е дека електричните автомобили имаат одлично забрзување, но како изгледа трката со класичен спортски автомобил?