МКД.мк

Ганц нов голф „кец“ на продажба (ФОТО+ВИДЕО)

Примероци на оригиналниот голф на Фолксваген може да се најдат и за помалку од 300 евра, а овој изгледа како зачуван, но обичен примерок каков што може да се најде за помалку од 1.000 евра.

Станува збор за примерок произведен во 1980 година, а поминал околу 1.000 километри.

Се наоѓа во понудата на Силверстоун аукции, а кон средината на јануари ќе биде понуден на аукција. Интересно е што првиот сопствен на автомобилот веќе имал еден голф, а овој го земал за резерва.

Голфот се покажал како фантастичен и сигурен автомобил, па замената само седела во гаража и го чекала својот ред, па така речиси новиот автомобил ја дочекал и 2020 година, а бил возен само два пати.

Првпат бил регистриран дури во 1999 година.

Останува да видиме за колку пари ќе го добие следниот сопственик.


Извор: https://www.mkd.mk/avtomobilizam/ganc-nov-golf-kec-na-prodazhba-fotovideo