Фолксваген се откажа од изградбата на фабрика во Турција
Одлуката е донесена како одговор на падот на побарувачката за нови автомобили за време на пандемијата на коронавирусот.
Германските медиуми го пренесоа соопштението на компанијата, но самата компанија не одговорила на барањето на Асошиејтед прес за коментар.
Фолксваген, најголемата германска компанија планираше да отвори фабрика во Маниси на западниот брег на Турција вредна 1,3 милијарди евра.
Во неа требаше да се прозиведуваат моделите фолксваген пасат и шкода суперб, како и шкода октавија седан.
Пред одлуката да падне на Турција, повеќе земји од регионот се бореа да го привлечат големиот инвеститор.