Фолксваген го укинува пасат седан
Причините за оваа одлука се посилната продажба на карван верзијата на пасат и постоењето на слично позиционираниот артеон.
Вестите за тоа дека Фолксваген ќе ја укине пасат лимузината во Европа се појавуваат од 2020. Се очекуваше тоа да се случи во 2023, но најновите вести значат дека германскиот автомобилски гигант ја сменил предвидената временска рамка.
Фолксваген најави и крај на пасатот во Северна Америка, а тамошниот пасат лимитед едишн 2022 го означува крајот на производството во САД.
Моделот на деветтата генерација на пасат за 2023 година ќе биде направен на база на унапредената ем-кју-би платформа. Со овој најнов развој, деветтата генерација ќе биде достапна само како карвански модел кога ќе стигне на Стариот континент.
Треба да се потсети дека пасатот беше достапен како седан и карван од 1973 година кога беше претставен оригиналниот модел.