Стогодишнина

Зимско утро - Блаже Конески

По повод стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, МКД.мк ги преобјавува Неговите песни. Конески е ренесансна личност. Со неговото дело се вградуваме во светот на модерната цивилизација. Тој е творечка сила што извира од овие наши простори, со сензибилитет што му припаѓа на овој македонски народ. Неговото творештво го надминува локалното значење и станува универзално од повеќе аспекти. Покрај тоа беше учител по човекољубие и човечност. Вонвременска личност, достоинство на македонскиот народ, јазичен гениј чие дело и денес ја надградува македонската култура. „Зимско утро“ е последната Негова објавена песна, напишана на 29 ноември 1993 година.

Фото: Пиксабеј

Зимско утро

Молчи зимското утро
се стуткало во соба како куче
уште не му се излегува надвор.
Студи.

Под мојот прозорец
и денеска си цвркоти и си рипка
шалава сипка:
Сип, сип, сип!
И тоа како порив за животот
во мене пак да буди!

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе