ПОЕЗИЈА

Завист – Иван Џепароски

Иван (Ивица) Џепароски (1958, Скопје) е поет, филозоф, професор и преведувач. Автор е на дваесет и пет книги, актуелен носител е на поетската награда „Браќа Миладиновци“ за 2016 година, а неодамна учествуваше на вториот Зимски поетски фестивал на СВП, каде, меѓу другите, ја прочита и песната „Завист“.

Им завидувам на колегите
универзитетски професори
кои читаат на предавањата
од пожолтените листови
испишани пред многу години
кога тие биле млади.

Им завидувам на поповите
кои добро си ја познаваат
и наизуст си ја владеат
својата единствена книга,
без оглед што таа е
долговечна и света.

Им завидувам на политичарите
што единствено знаат
да ги повторуваат зборовите
од своите програми
со постојано навраќање
кон економијата, Европа и НАТО.

Им завидувам на македонските
прочуени писатели кои освен
сопственото генијално дело,
и делата на истомислениците,
не прочитале ништо друго
а мислат дека сè си знаат.

Им завидувам на бизнисмените
што ги читаат Куељо и Ден Браун
како врв на книжевноста во светот
и со таквата лектира се фалат
низ седмичните семејни магазини
исполнети со возбудливи содржини.

Им завидувам на оние што возат
прескапи автомобили и џипови
а пепелниците ги испразнуваат
на улици пред семафори,
додека пластичните шишиња
ги фрлаат возејќи низ природа.

Им завидувам на сите оние
што купуваат (или добиваат)
најскапи билети за концерти
на музичари со светска слава,
а потем ракоплескаат меѓу ставовите
фаќајќи со нозете ритам.

Им завидувам на сите нив,
а се радувам и се чудам
како воопшто сум опстојал
и не сум станал досега еден од нив!

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе