Стогодишнина

Весела песна - Блаже Конески

Неуморен градител на убавината, умник над умниците, челник на македонската преродба, благородниот поет што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува - вака зборуваат оние што го познавале Блаже Конески. Роден на 19 декември 1921, во годината на стогодишниот јубилеј од неговото раѓање, МКД.мк ги објавува Неговите песни, кои „секогаш ќе го возбудуваат духот на младите генерации со јасни и длабоки пораки“ (К.Гочкова).

Фото: Роберт Атанасовски

Разведри чело намрштено,

толку е убав овој ден!

Доста си седел во мразна соба,

излези, будалче однесен!

 

Полето малу снежец го покрил,

на сонце сето се смеј и сјај.

Излези таму, насмеј се и ти —

сонцето скокот ќe ти нај!

 

Зелена тревка таму ќe видиш,

зелена тревка крај колски пат:

сети се оти пак видок има,

две срца да се преграбат.

 

Денеска мноrу ти се дава,

толку е убав овој ден!

Не мисли! Летни како пиле

од млада cpeќa окрилен!

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе